Обука за мотивационо биоградинарство
Претседателот на Здружението на производители органски производи „ Аронија“ од Делчево, г. Фиданчо Христов, од 27.04.2025 до 01.05.2025 година го посети имотот на Здружението „Башта може свашта“ во околината на Ваљево, каде под менторство на г. Павле Ѓорѓевиќ, тој присуствуваше на обука за производство на био храна со методи на перма култура (мотивационо био градинарство) и обука за органско производство.
Овие активности беа финансиски поддржани од Westernbalkansfund (Фондот за Западен Балкан), во рамките MOVE 5 повикот на WBF (Фонд за Западен Балкан) индивидуални грантови, преку проектот „Создавање заедница што работи во хармонија со природата“ .





