Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Здруженијата ,,Аронија” од Делчево и ,,Башта може свашта” од Ваљево
Претседателот на Здружението на производители органски производи „ Аронија“ од Делчево, г. Фиданчо Христов, од 27.04.2025 до 01.05.2025 година го посети имотот на Здружението „Башта може свашта“ во околината на Ваљево.
Под менторство на г. Павле Ѓорѓевиќ, тој присуствуваше на обука за производство на био храна со методи на перма култура (мотивационо био градинарство) и обука за органско производство.
На 01.05.2025 година, потпишан е меморандум за соработка и потпишан е договор за учество на зеднички проекти и студиски посети помеѓу двете здруженија.
За време на посетата на здружението се разменија искуства околу производството на био храна, како и договорена е идната соработка преку имплементација на веќе реализирни проекти кои ќе бидат разменети и реплицирани од двете здруженија.
Во периодот од 18.05.2025 до 19.05.2025 година, Претседателот на здружението г. Фиданчо Христов го посети Новосадскиот саем на земјоделие, каде ја посети изложбата на органски производи, производи со географско потекло и производи со ознака за српски квалитет и посета на Земјоделската стручна служба на Србија.
Овие активности беа финансиски поддржани од Westernbalkansfund (Фондот за Западен Балкан), во рамките MOVE 5 повикот на WBF (Фонд за Западен Балкан) индивидуални грантови, преку проектот „Создавање заедница што работи во хармонија со природата“ .








