cropped-Logo-Aronija-Delchevo-2024-1.jpg

ЗДРУЖЕНИЕ НА ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ОРГАНСКИ ПРОИЗВОДИ

Обуки од проектот
Проект: Мотивационо градинарство во склад со природата - EU CRM-0099/23
Воведување на иновативни методи во земјоделието за производство на био храна и справување со влијанието на климатските промени
Времетрање на проектот: 23.06.2023 – 23.02.2024 г.

Цели:

1. Проектирање и имплементација на биолошки методи со користење на природните ресурси во производството на био храна на зелени имоти со перма култура
2. Воспоставување на систем за искористување на растителниот отпад од домаќинствата и негова употреба во производството на био храна
3. Едуцирање на младите за производство на био храна и справување со влијанието на климатските промени


Резултати:

1. Одржани 7 онлајн обуки за производство на био храна, со примена на биолошки методи со перма култура
2. Обучени 30 учесници од 5 градови Делчево, Берово, Струмица, Кавадарци и Скопје
3. Воспоставен систем за производство на био храна со употреба на растителен отпад во производството на храна на 10 зелени имоти
4. 10 члена на здружението се членови на првата онлајн градинарска заедница „ТРАГ Биљке“ од Бања Лука
5. Изработени 10 проекти за континуирано производство на био храна во текот на целата година, на отворено
6. Учесниците на обуката се стекнаа со знаења за припрема на 15 вида на биолошки препарати за заштита и прехрана на растенијата кои се припремаат од природни ресурси